Мигранти пронајдени кај Демир Капија, возачот кој ги превезувал побегнал

/

Мигранти биле пронајдени синоќа кај Демир Капија, возачот кој ги превезувал побегнал.

Ова го потврди денеска за МИА, Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, пренесува zoom.mk.

-Синоќа околу 23.20 часот кај Градско во правец кон Гевгелија, полициски службеници се обиделе да запрат патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, кое не застанало, туку ја зголемило брзината.

Кај Прждевски надвозник удрило во службеното возило и запрело, а возачот избегал.



Во возилото биле пронајдени 10 лица мигранти од Индија, кои се префрлени во Прифатно-транзитниот центар Гевгелија, појасни Додевски.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициска станица Неготино и јавен обвинител, по чии насоки возилото е обезбедено.

-По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, додаде Додевски.

Претходна статија

Во тетовската болница прв пат извршена унипорт операција

Следна статија

МЗ: Вкупно се аплицирани 1.544.531 дози вакцини, а ревакцинирани 45% од полнолетните граѓани во државата

Најново од Вести