|

Милевски му ја предаде функцијата на Пенов

Во Министерството за локална самоуправа денеска е направено формално примопредавање на должноста министер за локална самоуправа. По изборот во Собранието, новиот министер за локална самоуправа Ристо Пенов во кабинетот беше пречекан од досегашниот министер, Горан Милевски.

– На средбата се разговараше за реализацијата на тековните проекти на Министерството за локална самоуправа за имплементација на политиките за локален и регионален развој, за спроведувањето на ИПА Програмите за прекугранична соработка, како и за финансиската поддршка на општините и на планските региони што се реализира од буџетските програми на Министерството за локална самоуправа и на Бирото за регионален развој, информираат од Министерството.



Слични Објави