| |

Милков му врати на Пендаровски: Бугарија нема да прифати никаква формулација за поинаков статус на македонските Бугари во однос на останатите делови од народи во РСМ

Министерот за надворешни работи Николај Милков изјави дека Бугарија нема да прифати никаква формулација со која на македонските Бугари ќе им се додели статус поинаков од оној на другите уставно признати делови на народи во Република Северна Македонија.

Милков му одговори на претседателот Стево Пендаровски кој го нарече „скандалозно“ барањето Бугарија да биде дел од процесот на уставни измени:

„Не станува збор за мешање на Бугарија во внатрешните процеси на нашата соседна земја. На крајот на краиштата, ние први ја признавме како независна земја. Станува збор за создавање атмосфера на доверба преку конструктивна комуникација, доколку се оцени дека таква комуникација е возможна. Според нас, ова е крајно задоцнето и крајно неопходно – за да можеме да се движиме кон вистински добрососедски односи.

Македонските Бугари треба конечно да добијат рамноправност во секој поглед и во Уставот и подоцна, по уставните измени во рамките на законите“.

Слични Објави