|

МИЛОШОСКИ И ПРЕДАЛ НА РУСКОСКА АУДИО ЗАПИСИ ЗА МЕЃУНАРОДНИОТ СОЈУЗ НА БОКИ 13

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, утрово на средба со шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, и ги предал аудио записите, што ги објавуваше во Собранието на седница на Комисијата за европски прашања.

Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе го предаде и разговорот, што сакаше да го објави на пленарна седница на Собранието, а за тоа не доби дозвола од спикерот Талат Џафери, Милошоски рече:

„Дадов се што имам, ако добијам други материјали, ќе ги доставам и тие“.
Тој додаде дека е направен уреден запис и оти обвинителката рекла дека ќе го вметне како доказ во обвинението за Меѓународниот сојуз.



Слични Објави