Милотинова: Однесувањето на РСМ доведе до ваквата одлука; Матанов: Падна митот за лобито на РСМ во ЕУ
Албанија ќе биде одвоена од Северна Македонија на патот кон членство во ЕУ, а првиот кластер на преговори официјално ќе биде отворен на 15 октомври.
Однесувањето на РСМ доведе до ваквата одлука, што ја донесе Европскиот совет во Брисел. Скопје не ги слушна сите нивни досегашни постапки и предупредувања од Европската комисија. Тоа што им го кажа ЕК не се слушна: почитувајте ја вашата преговарачка рамка и направете ги уставните измени за да им дадете права на Бугарите и во Северна Македонија, почитувајте ги вашите договори. Докажувањето пред Белград изигра лоша шега со политичарите во Скопје. Овој коментар го даде новинарката Милена Милотинова, авторка и водителка на емисијата „Брисел 1“ на ТВ Бугарија Он Ер.
Според неа, Скопје го саботира Коридорот 8 за сметка на Коридорот 10 кој ги поврзува со Белград и Будимпешта.
Милотинова уште еднаш потсети дека барањата до РСМ не се бугарски, а како што вчера повторно повтори ЕК во лицето на спикерот Ана Писонеро – условите на Европскиот совет не се исполнети.
Унгарската политика ја провоцира ЕУ. Идејата дека Северна Македонија има какво било лоби во ЕУ пропадна. Затоа што ако имаа лоби немаше да се случи тоа што се случи. Албанија измина долг пат во последните години. Оваа земја напредува, ги исполни сите барања на ЕУ. Бугарија не е виновна за оваа одлука на ЕУ, која во РСМ се нарекува француски предлог, но истиот е европски, изјави историчарот проф. Христо Матанов.
Видеото со гостувањето на Милена Милотинова и проф. д-р Христо Матанов во утринската програма на БНТ можете да го видите овде.
