| |

Минималната плата во Бугарија ќе изнесува околу 670 евра

Минималната плата во Бугарија годинава најреално би можела да се зголеми за 40 до 50 евра. Ова го изјави министерката за социјална политика Наталија Ефремова за БТВ. Во моментов минималната плата изнесува 620,20 евра, пренесува БГНЕС.

Од следната година ќе се применува нова формула за нејзино утврдување, договорена по повеќе од три години преговори меѓу работодавачите и синдикатите. Таа ќе ги зема предвид куповната моќ, растот на просечната плата, медијалната плата и продуктивноста на трудот.

Социјалните партнери не постигнале договор за конкретниот износ, поради што конечната одлука ќе ја донесе Владата. Според новиот механизам, минималната плата треба да биде меѓу 620,20 и 672,80 евра.

Ефремова нагласи дека новиот износ ќе биде понизок од 690 евра, колку што би изнесувал според старата формула, но дека зголемување сигурно ќе има.

Таа соопшти и дека за Божик лицата со ниски приходи ќе добијат по 50 евра помош.



Слични Објави