|

Митева: Криминалот на Ковачевски и Ахмети е причина за блокадата на Македонија во ЕУ

СДС и ДУИ ја претворија надворешната политика во политички театар измислувајќи потези што за Македонија значат изгубени 7 години, кои не може да се вратат никако. Дополнително, Ковачевски, Маричиќ и Османи презедоа чекори, кои оставија ненадоместливи последици врз евеоинтегративниот пат на Македонија, изјави портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Таа рече дека Ковачевски, наместо да ги предочи илузорните позиции што ги има Бугарија пред високите претставници на ЕУ, тој неискусно и аматерски, политички неопортуно, прифати договор кој е на штета на државата и на македонскиот народ, иако за тоа немаше ни мандат од граѓаните.

„Преземањето на обврските што СДС и ДУИ не беа способни да ги исполнат, за нив, беше само сламка за ден повеќе власт, во која ќе крадат, корумпираат и уништуваат. И додека ја бараа поддршката за ден повеќе власт, тие крадеа. Тој криминал е регистриран и во извештајот на ЕК – од Кривичниот законик, до коридорите 8 и 10 Д, па завршува со корумпираното судство. СДС и ДУИ, ако малку покажеа државнички капацитет, да ги искористеа сите механизми што велеа дека ги имаат, да ги замолеа пријателите со кои се фалеа, да ја убедат Бугарија да ја напушти салата на кратко, ќе се изградеше подобра позиција за Македонија и сега нашата држава заедно со Украина ќе ги почнеше преговорите со ЕУ“, рече Митева.

Како што додаде, криминалот на Ковачевски и Ахмети ја чини Македонија нова блокада.

Слични Објави