МЛАДИ ЗА МАКЕДОНИЈА : ПРОТЕСТ НА 27МИ ЌЕ НЕМА
Почитувани,
поддржувачи,патриоти,македонци и македонки. Сакаме да ве известиме дека официјалната страна на Млади за Македонија беше превземена од страна на еден од членовите на МзМ кој самоиницијативно без консултации со основачите и останатите членови реши сам да организира протест на 27.09.2018 година-четврток.
Поради сомнеж за тоа кој стои зад овој настан, како и тоа кои се целите на овој настан, ние успеавме по долго време да ја превземеме контролата врз оваа страна.
Денес беше оддржана и прес конференција на која ние се огрдивме од било каква поврзаност со овој настан на 27.09.2018 година.
Го повикуваме МАКЕДОНСКИОТ НАРОД да се обедини со една и единствена цел БОЈКОТ НА НЕЛЕГИТИМНИОТ РЕФЕРЕНДУМ во недела на 30.09.2018 година.
Веруваме дека ќе успееме да го зачуваме дедовото парче земја под едно и еднствено име Македонија.
Нашата борба продолжува и на 30.09.2018 година сите заедно ќе ја прославиме победата на БОЈКОТОТ пред Собранието на Република Македонија во град Скопје, се вели во соопштението на Млади за Македонија.