| |

МНР на Бугарија: Бугарија ја изразува својата целосна солидарност со нашиот сојузник Полска

Бугарија изрази целосна солидарност со Полска по последните инциденти со руските дронови, кои ја нарушија безбедноста на воздушниот простор на НАТО, jавува БГНЕС.

„Бугарија ја изразува својата целосна солидарност со нашиот сојузник Полска. Повторените нарушувања на воздушниот простор на НАТО од страна на Русија претставуваат закана за евроатлантската безбедност“, соопшти Министерството за надворешни работи на преку својот официјален профил на социјалната мрежа X.

Реакцијата доаѓа откако десет дронови навлегле во полскиот воздушен простор за време на ноќната руска воздушна офанзива врз Украина.

„Таквите дејствија ќе бидат пречекани со решителни мерки за заштита на Алијансата“, додаваат од МНР на Бугарија.

Слични Објави