МНР на Бугарија: Декларацијата на Бундестагот е внатрешен акт, кој не ги менува одлуките за европскиот пат на Северна Македонија
Декларацијата на Бундестагот е внатрешен акт кој не ги менува одлуките донесени од Советот на ЕУ во јули 2022 година за европскиот пат на Северна Македонија. Тоа во никој случај не ја менува националната позиција на Бугарија, реафирмирана со Одлуката на 47. Народно собрание на Бугарија по усвојувањето на компромисот од јули 2022 година. Ова го објави Министерството за надворешни работи на Бугарија во врска со изгласаната резолуција за европскиот пат на Република Северна Македонија од страна на германскиот Бундестаг.
„Декларацијата не содржи нови точки во однос на процесот на европска интеграција на Република Северна Македонија.
Декларацијата во основа го поддржува процесот на промена на уставот на Северна Македонија, со што би се гарантирале еднакви права и слободи на Бугарите со другите народи во земјата. Ова е и главното барање на Бугарите во Северна Македонија.
Клучно е тоа што, документот не поттикнува обиди за повторно преговарање или прекршување на елементите од компромисот од 2022 година.
Потсетуваме дека според заклучоците на Советот на ЕУ и Преговарачката рамка, важно е да се постигнат опипливи резултати и со добра волја да се спроведат билатералните договори, вклучително и Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија од 2017 година, како како и Протоколите на заедничките меѓувладини состаноци од чл. 12 од Договорот. Потсетуваме дека, Советот на ЕУ во својата декларација во јули 2022 година го забележа бугарскиот став во однос на официјалниот јазик на Северна Македонија, кој останува непроменет“, стои во позицијата на МНР на Бугарија.
