МНР на Бугарија: Длабоко сме потресени од нападот врз синагога во Манчестер на Јом Кипур
Министерството за надворешни работи на Бугарија изрази длабока тага и осуда поради бруталниот напад врз синагога во Манчестер, кој се случи токму на Јом Кипур, најсветиот ден во еврејскиот календар.
„Потресени сме и длабоко натажени од овој чин на насилство,“ се наведува во објавата на министерството на платформата „Екс“.
Од МНР додаваат дека се приклучуваат кон британската министерка за надворешни работи, Ивет Купер, во осудата на нападот и ја изразуваат својата солидарност со сите засегнати.
„Категорично го осудуваме тероризмот во сите негови форми,“ стои уште во соопштението.
