МНР: Поради трагедијата во Тетово, откажани сите приеми и настани во амбасадите

/

Министерството за надворешни работи, ја известува јавноста дека согласно Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за тридневна жалост во знак на почит кон жртвите од трагичниот пожар во модуларниот Ковид центар во болницата во Тетово, во сите Амбасади и Мисии во странство ги спушти знамињата на половина копје за времетраење на деновите на жалост.

Во исто време, информираме дека сите закажани настани, приеми и промоции во рамките на нашите амбасади и мисии во деновите на жалост се откажани.



Претходна статија

Пописот два дена во прекин!

Следна статија

Јанев: Ќе бараме решение за проблемот со РС Македонија без да излегуваме од рамковната позиција

Најново од Вести