Јанев: Ќе бараме решение за проблемот со РС Македонија без да излегуваме од рамковната позиција
„На следната седница на Советот за безбедност ќе биде разгледана политиката на Бугарија во однос на РС Македонија , но без да се излегува од рамката изгласана од бугарскиот Парламент“, изјави премиерот на Бугарија, Стефан Јанев, пренесува БГНЕС.
Премиерот додава уште дека има теми за кои треба да се мисли пред време и една од нив е потребата од анализа и обновување на целата политика на Бугарија во однос на РС Македонија.
„Во тој однос без да излегуваме од рамката изгласана од бугарскиот Парламент, наш предлог е на следната седница на Советот а безбедност да се разгледа целосната политика на Бугарија, да се најдат практични решенија со цел нашата политика да биде разбрана од нашите сојузници од ЕУ и идните решенија да бидат во рамките на националниот интерес на Бугарија“, изјави премиерот на Бугарија, Стефан Јанев.