|

МОН го одобри букварот на албански јазик, кој беше презентиран како заеднички на Албанија и Косово

Министерството за образование и наука даде согласност за користење на Букварот на албански јазик, кој месецов беше презентиран како заеднички буквар на Албанија и Косово.

– Особено задоволство ми е да ја споделам со вас информацијата за давање согласност за употреба на Буквар за ученици од прво одделение на албански наставен јазик во учебната 2022/2023 година. Министерството за образование и наука даде согласност за користење на материјалот составен од авторите Мимоза Ѓокутај, Саранда Кумнова, Насер Забели и Тереза ​​Бабасули, кој е посветен на првачињата запишани во училиштата каде што наставниот јазик е албански – соопшти министерот Јетон Шаќири на социјалните мрежи.

Слични Објави