(Видео) Снимен моментот на земјотресот во Истанбул во емисија во живо, новинарката во паника
Моментот на земјотресот во Истанбул со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала беше снимен во емисија во живо. На видеото се гледа како новинарката ја фаќа паника и го прекинува разговорот со гостите кои се приклучени преку видео врска.
CNN Turk’s broadcast during the 6.2 earthquake in Istanbul, Türkiye. pic.twitter.com/sm0l7TB1zz
— Clash Report (@clashreport) April 23, 2025
Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска Истанбул, соопшти турската агенција АФАД.
Засега нема извештаи за големината на штетата, но жителите на најголемиот турски град се евакуирани од зградите.
Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 12:49 часот по локално време, бил во областа Силиври, област која се наоѓа на околу 80 километри западно од Истанбул. Земјотресот се случи на длабочина од 6,92 километри, соопшти АФАД.
Турската телевизија ТГРТ јавува дека едно лице е повредено откако скокнало од балкон за време на земјотресот.
АФАД ги предупреди жителите на регионот да не влегуваат во оштетените згради.
По првиот земјотрес, Турција беше погодена од серија помали, но, сепак, силни земјотреси со јачина од 5,0, 2,6, 4,3, 4,5 и 5,0 степени.
Засега нема извештаи за уривање на згради.