| |

МОН И СОНК ГИ ПРОДОЛЖУВААТ ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ПЛАТИТЕ НА НАСТАВНИЦИТЕ

Министерството за образование и наука (МОН) и Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) ги продолжуваат преговорите за зголемување на платите на наставниот кадар. Тие имале средба минатата недела, а ќе имаат и во наредните денови, но не е разговарано, како што рече ресорниот министер Арбер Адеми, за конкретен процент за покачување на платите, јавува Независен.


СОНК на првиот училишен ден одржа предупредувачки штрајк со барање платите на вработените во образованието да бидат зголемени за онолку проценти за колку што е зголемена минималната плата во државата, однсно до 25 отсто, и даде рок до крајот на месецов за усогласување со МОН, најавувајќи протести од октомври ако нема решение.

– Можеби оваа недела ќе имаме пак средба. Важно е дека има конструктивен дијалог, има сериозен пристап од наша страна за да има идно покачување на платата во дејноста образование. Но, конкретен процент на идно покачување на платите, досега немаме понудено од наша страна. Така што, продолжуваат на најдобар можен и на најконструктивен начин преговорите за подобрување на материјалниот статус на сите вработени во дејноста образование, изјави Адеми.

Целиот напис прочитајте го овде.

Слични Објави