|

МВР: 20 пријави за прекршување на изборниот молк, најмногу во Скопје

Во периодот на предизборниот молк — од 18 октомври 2025 година до 07:00 часот на 19 октомври 2025 година, односно до отворањето на избирачките места — Министерството за внатрешни работи регистрирало вкупно 20 пријави за наводни нарушувања на изборниот молк.

Според податоците, шест од пријавите се однесуваат на подрачјето на СВР Скопје, четири на СВР Куманово, три на СВР Велес, по две на подрачјата на СВР Охрид, СВР Штип и СВР Битола, и една пријава на подрачјето на СВР Струмица. По преземените мерки, не се потврдени пријавите за 15 од вкупно пријавените настани.

Покрај овие случаи, регистрирани се и 47 објави на социјалните мрежи за време на изборниот молк. Станува збор за содржини што повикувале на гласање за одредени кандидати, како и за објави со видеа и фотографии од партиски активности во изборни штабови.

Од Министерството информираат дека гласањето на болни и изнемоштени лица, како и на затвореници, на сите подрачја поминало без нарушувања. Регистриран е само еден изолиран настан кој не влијаел на текот на гласањето.

Слични Објави