МВР за началникот што го поддржувал Хамас: Ќе следуваат дисциплинска постапка и соодветни санкции
Министерството за внатрешни работи известува дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди постапува по случајот со полицискиот службеник А. С. и неговите објави на социјалната мрежа „Фејсбук“ во врска со нападите на Хамас врз Израел.
Против него, како што информираат од МВР, ќе биде поведена дисциплинска постапка, односно ќе следуваат соодветни санкции.
„Ставот на МВР и Владата е јасен и прецизен. Силно ги осудуваме нападите на групата Хамас врз Израел и се солидаризираме со израелскиот народ. Апелираме за решенија преку дијалог. На светот му е потребен мир“, се истакнува во официјалното соопштение.