| | |

На 26 ноември 1915 година започнала битката за Струга

На 26 ноември 1915 година, за време на Првата светска војна, во Струга започнале борби меѓу бугарските и српските воени единици. Битката се водела набргу по заземањето на Охрид и завршила на 29 ноември, кога бугарските трупи ја презеле контролата над Струга, пишува Актуално.

Во борбите учествувале војници од 23. пешадиски шипченски полк, во составот на Осмата пешадиска тунџанска дивизија. На 28 ноември, 34 бугарски војници го преминале Црни Дрим и на спротивниот брег влегле во борба гради в гради со српските војници. Борбите завршиле околу два часот по полноќ на 29 ноември.

Слични Објави