На Французинка заразена со хантавирус нагло ѝ се влошила состојбата
Француската министерка за здравство Стефани Рис соопшти дека на Французинка, која била позитивна на хантавирус по патување со крузерот „МВ Хондиус“, нагло ѝ се влошила здравствената состојба.
Идентификувани се 22 француски државјани кои биле во близок контакт со заразената жена. Дел од нив биле ставени во изолација, а останатите добиле препорака за самоизолација и контакт со здравствените власти.
Епидемиологот Арно Фонтан од Пастеровиот институт во Париз изјави дека смртноста кај заразените со хантавирус се движи меѓу 30 и 50 проценти.
Според него, болеста може брзо да предизвика сериозни белодробни компликации, а глодарите се главни преносители на вирусот, најчесто во рурални средини.

