НА „ПАРТИЗАНСКА“ ВО КИЧЕВО ТЕШКО ПОВРЕДЕН МОТОЦИКЛИСТ
Вчера во 14.00 часот на ул.„Партизански одреди“ во Кичево, Д.М.(34) од Кичево, управувајќи мотоцикл „зонгшен“, со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар Кичево за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.
