|

Над 40% од Германците се против испораката на тенковите „Леопард“ за Украина

Според резултатите на најновата анкета на телевизијата АРД „Дојчландтренд” 46 проценти од Германците се за испраќање на тенкови Леопард на Украина.

Испораката на тенкови ја поддржуваат лицата постари од 65 години, како и жителите на западните германски покраини. Додека против испораката на тенкови за Украина се изјасниле 43 отсто од испитаниците, а 11 проценти не сакале да одговорат. Анкетата покажува дека лицата до 50 години претежно се против испраќање на тенкови во Украина.

Според ова истражување, испораката на тешки борбени тенкови за Украина најмногу ја одобруваат приврзаниците на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и Христијанско-социјалната унија од Баварија (ЦСУ) и Зелените со 66, односно 61 отсто. Меѓу оние кои ја поддржуваат Социјалдемократската партија на Германија (СПД), 49 проценти се изјасниле тенковите „треба да бидат испорачани”.

Резултатите од анкетата покажуваат дека најголем отпор имаат приврзаниците на десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД), бидејќи 84 отсто од нив се изјасниле против испорака на тешки борбени тенкови за Украина.

На прашањето за кого би гласале доколку изборите се в недела, речиси и да нема промени во однос на претходната анкета. Коалициските партии СПД (19 отсто), Зелените (19) и ФДП (6 отсто) имаат поддршка од вкупно 44 проценти од гласачите. Партиите на Унијата ЦДУ и ЦСУ би добиле 29 отсто од гласовите.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека испраќањето на тенковите Леопард 2 од германско производство „сè уште е дел од тековните консултации” со земјите кои ја поддржуваат Украина.

Столтенберг, од американската воздухопловна база Рамштајн во Германија, истакна дека НАТО обезбедува значително повеќе тешко оружје и друга воена помош за Украина.

Тој, одговарајќи на прашањето дали Украина ќе стане членка на НАТО, наведе дека ставот на Алијансата и сојузните што го поддржуваат Киев, е непроменет.

Според Столтенберг на Украина и е потребна поддршка за одржување на постарата опрема за истата да може „правилно да функционира”

Германија е под зголемен притисок од неколку нејзини европски соседи да одобри испорака на тенкови Леопард од германско производство.

Украинските власти велат и дека треба да имаат ракетни системи со дострел поголем од 100 километри за да можат да го погодат рускиот логистички синџир, особено складиштата за муниција.

Вчера Кремљ издаде јасно предупредување – испораката на оружје со поголем дострел би значело дека конфликтот достигнува ново ниво.

Извор: Слободен печат



Слични Објави