Над 60.000 лица од Украина се со статус на привремена заштита во Бугарија
Во Бугарија има 60.220 лица кои избегале од Украина како резултат на руската војна против таа земја, а имаат статус на привремена заштита, јавува БГНЕС.
Нешто повеќе од 4,1 милиони граѓани имаат таков статус на територијата на Европската унија заклучно со 31 јули 2024 година, од кога се достапни најновите податоци.
Најголем број на лица на кои им е одобрена привремена заштита од Украина има во Германија (1.110.600 луѓе; 26,9% од вкупниот број во ЕУ), Полска (976.205 луѓе; 23,7%) и Чешка (369.610 луѓе; 9,0 %).

