|

Наместо да го осуди нападот врз бугарскиот клуб „Цар Борис III“ Спасовски го осудува отворањето на бугарски клубови

Го осудувам отворањето на бугарски клубови во овој момент. Не се градат добри односи меѓу соседи доколку сакате да направите провокација. Зошто досега не се отвораат клубовите, туку сега кога започна интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ? Тоа се дел од процеси низ кои мораме да поминеме и да се градиме над нив. Јас сум еден од тој што инсистира државата да изнајде механизми за да се забрани регистрација на било какви клубови, кои што пред се ќе ги повредуваат националните чувства на македонските граѓани, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Според него, не е логично Бугарија да бара од Македонија да биде внимателна во однос на нивното учество во времето на Втората светска војна.

-Во тој момент, тоа е историски факт дека биле дел од таа фашистичка оска и сега одеднаш е нелогично да бараат начини и механизми да се отргнат од тоа минато и да промовираат имиња на фашисти во клубовите. Република Северна Македонија е родена на придобивките на НОБ и антифашистичкото движење. Овие придобивки мораме да ги почитуваме, истакна Спасовски во утринската програма на МТВ1, пренесува Локално.



Слични Објави