| |

НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ НИЗ ИТАЛИЈА ПО ВОВЕДУВАЊЕ НА НОВИТЕ МЕРКИ

Низ Италија во текот на минатата вечер се случуваа насилни протести во повеќе гредови, како резултат на воведувањето на нови рестриктивни мерки од страна на Владата.

Едни од најжестоките протести се случуваа во Торино, каде полицијата беше гаѓана со молотови коктели, и притоа беа искршени луксузни продавници. Во Милано беше употребен солзавец за да се растераат демонстрантите.

Протестите почнаа веднаш по донесувањето на пакет нови мерки за заштита од коронавирусот. Мерките беа затворање на рестораните, баровите, вежбалниците и кината после 18 часот.

Некои региони воведоа и полициски час во вечерните часови. Новите мерки ќе бидат на сила до 24 ноември, и истите ќе бидат продолжени ако има потреба.

Слични Објави