| |

Натписот „Боже, чувај ја Бугарија“ се враќа на бугарските евромонети

Натписот „Боже, чувај ја Бугарија“ се враќа на бугарските монети – тоа јасно се гледа од дизајнот на бугарските евромонети, одобрен од Бугарската народна банка, јави bTV.

Текстот се појавува првпат на бугарските монети по Ослободувањето, како симбол на желбата да се зачува Татковината, раскажува заменик-претседателот на софиското нумизматичко друштво Стојан Иванов:
„По формирањето на новата бугарска држава, се решава на првите монети, кои се ковани од сребро во 1882 година, да се стави натписот „Боже, чувај ја Бугарија“.

Натписот е користен како лозунг низ годините, раскажува професорот Петар Стојанович:
„Најпознатото „Боже, чувај ја Бугарија“ е во документот за абдикацијата на кнез Александар I – тој го завршува овој документ со тие зборови.“

Во 1944 година, по промената на режимот, царските симболи се заменети со грбот на народната република, а натписот „Боже, чувај ја Бугарија“ исчезнува од монетите.

Историчари и колекционери го гледаат враќањето на натписот како добар знак.

„Овој избор на нашите управители, финансиски или други, е многу правилен. Од една страна нѐ враќа кон златните времиња на Бугарија – тоа стоело на златните бугарски левови,“ – истакнува Петар Стојанович.

„Нашите монети ќе бидат во оптек низ целиот Европски сојуз и можеш да пиеш кафе во Атина со две бугарски евра или да си купиш сладолед во Лисабон и да прочиташ на монетата „Боже, чувај ја Бугарија“.“ – додаде тој.

Слични Објави