НАВАЛНИ ДЕНЕСКА ТРЕБА ДА СЕ ПОЈАВИ НА СУД, ПРЕД СУДОТ АПСЕЊА
Противникот на „Кремљ“ Алексеј Навални, денеска треба да се појави на суд поради кршење на условната затворска казна од 2014 година.
Руското обвинителство навели дека ќе бара Навални да ја одлежи таа затворска казна.
Руската затворска служба му замерува на Навални што два пати неделно не се појавувал во службата, како што налага пресудата.
Агенцијата „Франс Прес“ пренесува дека руската затворска служба ќе го земе во предвид периодот во кој Навални три недели бил во кома во германска болница, но додава дека на 23. октомври требало да се пријави каде се наоѓа.
Навални е уапсен на 17. јануари по враќањето во Русија од Германија, каде што се опоравуваше од труење со месеци. Против Навални се водат и други судски процеси.
По неговото враќање од Русија, ширум земјата беа организирани протести, а беа уапсени стотици лица.
Утрово негови привзрзаници се собраа пред Судот за да му дадат поддршка, а полицијата уапсила неколкумина од нив.
#BREAKING Several arrested outside Moscow court ahead of Navalny hearing: AFP pic.twitter.com/ztrD02m1RK— AFP News Agency (@AFP) February 2, 2021