|

НЕДЕЛА БЕЗ АВТОМОБИЛИ

Денеска во рамки на „Недела без автомобили„ и “Недела на мобилност„ во Куманово, се одржа настан „Ден без автомобили“. Настанот започна пред ООУ„Крсте Мисирков кои се и домаќини на манифестацијата . Во знак на подршка на поголема мобилност на учесниците во сообраќајот со користење на велосипед наместо автомобил, ученици, наставници и граѓани возеа велосипед. Стартот кој беше пред ООУ „Крсте Мисирков“ го означи Градоначалникот Максим Димитриевски. Велосипедистите возеа по улица Народна Револуција, ул.Ленинова до кружен тек, по улица Доне Божинов, ул.Гоце Делчев лево по Трета МУБ до раскрсница со ул.Народна револуција и пак до ООУ „Крсте Мисирков“.Настанот е во соработка со локалната самоуправа и Секторот за внатрешни работи Куманово.

Слични Објави