Нема плата за невакцинираните против Ковид 19

/

Во германската провинција Баден-Виртемберг, во среда ќе стапи во сила мерка според која невакцинираните луѓе, доколку се разболат од Ковид-19 и мора да бидат ставени во изолација, нема да примаат плата за тој период.

И други германски провинции, како Северна Рајна-Вестфалија, Хесен, Долна Саксонија и Мекленбург -Западна Померанија, планираат од 15 септември да усвојат таква мерка.

Министерот за здравство на Баварија Клаус Холечек изјави дека оние кои не се вакцинирани и немаат здравствени причини за да не ја примат вакцината, според него, немаат право на плата за време на карантин



– Не може општеството да плаќа за ни”, рече тој, најавувајќи дека покраината може да се приклучи кон усвојување на оваа мерка.

Извор: Zoom. mk

Претходна статија

ВМРО-ДПМНЕ нема кандидат за градоначалник на Тетово, седум партии поднеле кандидатура

Следна статија

(ВИДЕО) Тензично беше синоќа во Кавадарци, лозарите револтирани ја срушија оградата

Најново од Вести