| |

Непожелниот д-р Милен Врабевски донирал илјадници евра за промоцијата на РС Македонија

,,Вчера ви раскажавме за македонското детско ликовно студио ,,Св. Кирил и Методиј ” од град Битола што освои 13 медали за својата земја, меѓу кои и трето место во светот, на најпрестижниот конкурс за детски цртеж, организиран од УНЕСКО. За овој успех на Северна Македонија државата во лицето на претседателот Пендаровски оддели 600 евра, додека д-р Врабевски даде донација од 6000 евра – пари што ќе послужат за патувањето на награденото дете до Франција, каде што треба да ја добие наградата за својата земја”, стои во позицијата на фондација ,,Бугарска памет” во однос за дел од добротворните активности на д-р Милен Врабевски во РС Македонија.

Од фондацијата потсетуваат дека минатата година државната помош за детското ликовно студио ,,Св. Кирил и Методиј ” била укината без никакви објаснувања и како што велат тие случајно или не по посетата на децата во Пловдив истата година.

,, За да стане јасно колку значајно е детското ликовно студио ,, Св. Кирил и Методиј” во светски рамки тимот на студиото ги организира двете најголеми, најмасовни и најстари светски пројави на детска уметност во светот- ,,Мал битолски Монмартр” и детскиот уметнички конкурс и изложба ,, Битола”, чии изданија во 2023 година беа под закана да не се остварат по одбивањето за финансирање од страна на РС Македонија”.

Од фондација ,,Бугарска памет” подвлекуваат дека за да се остварат овие два светски настани кои секоја година ја рекламираат не Бугарија туку Република Северна Македонија, д-р Милен Врабевски донирал 17 500 евра.

,, На овој фон на Денот на храброста 6-ти Мај, д-р Милен Врабевски не му беше дозволен влез во РС Македонија поради забрана која гласи дека е ,, потенцијален нарушител на јавниот ред и мир”. Со таа активност на македонските власти за прв пат од 16 години д-р Врабевски не успеа да оддаде почит на загинатите за национално обединување бугарски војници и офицери, погребани во воениот меморијал во Ново Село струмичко кој беше возобновен и се одржува од самиот него. Тоа се разбира не им попречи на стотици луѓе од двете страни на границата да се поклонат пред гробовите на хероите”, стои во позицијата на фондацијата ,,Бугарска памет”.



Слични Објави