НЕСОВЕСНИ СОПСТВЕНИЦИ НА КУЧИЊА ВО КАПИПШТЕЦ ПОЧНАА ДА ОСТАВААТ КЕСИ СО КУЧЕШКИ ИЗМЕТ ПО ТРЕВНИЦИ

/

Неколкумина жители на скопската населба Капиштец кои синоќа шетаа и се разладуваа во малото паркче беа сведоци на невообичаен настан. Младата девојка која што дотогаш го шеташе своето куче миленик, во еден момент извади пластична кеса која ја постави зад кучето кое што се подготвуваше да изврши голема нужда. Секако, ова ќе беше убав пример на примерно однесување на сопствениците на кучињата кои треба да го собираат изметот, да не се случеше спротивното. Откако животното ја изврши нуждата, сопственичката го одведе понатаму продолжувајќи ја прошетката. Пластичната кеса, сосе изметот си ја остави во тревникот како да ништо не се случило, како да не требаше да ја собере и да ја фрли во канта за ѓубре…
-Ваква некултура одамна немав видено. Па тука си играат децата. Со ваков однос никогаш нема да имаме чист град, прокоментира еден граѓанин.
И овој случај, очигледно, повторно треба да го актуелизира прашањето на санкционирањето на ваквиот однос на сопствениците на кучињата. Но, казнувањето и инспекциски надзор во скопските општини во тој поглед како да не се случува. Очигледно, ако сакаме чист град тоа ќе мора да почне поригорозно да се прави. Доволно е само инспекторите и редарите почесто да одат по скопските населби. Можат да почнат токму од Капиштец.

Извор: Скопско Ехо





Претходна статија

ОД 19 АВГУСТ ВО СИЛА НОВИ САНКЦИИ НА САД ПРОТИВ РУСИЈА

Следна статија

АНАЛИТИЧАРОТ ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ ГО ПОВИКУВА СПАСОВСКИ ДА АПСИ ЗА ПУКАЊЕ НА СВАДБИ

Најново од Вести