Нетанјаху му честиташе на Румен Радев за формирањето на новата бугарска влада
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, во телефонски разговор му го честиташе на бугарскиот премиер Румен Радев успехот на „Прогресивна Бугарија“ на парламентарните избори и стапувањето на должност на новата бугарска влада. Ова го соопштија од прес-службата на бугарската Влада, пренесува БНТ.
За време на разговорот биле разгледани теми од агендата на билатералните односи меѓу Бугарија и Израел.
