| |

НГ „ГЕМИЏИИ“ ДОНИРАА ЗА ДЕЦАТА ОД ПОУ „МАЦА ОВЧАРОВА“-ВЕЛЕС

„Новата година е асоцијација на весела атмосфера, подароци, семејни собири. За жал, не сите деца можат еднакво да го почувствуваат новогодишното расположение. Затоа ние како група одлучивме да им подариме среќа на лицата со посебни потреби од ПОУ „Маца Овчарова“ – Велес. Се обидовме да насмееме и израдуваме што повеќе дечиња достоинствено да ја пречекаат новата година. Сакаме радоста и убавите мигови да им бидат секојдневни. На сите деца им посакуваме добро здравје, среќа и радост. Во оваа насока е и вниманието кое ние го посветуваме кон најмладите, кои пак посебно се радуваат на подароци и пакетчиња во празничните денови.

На денешниот настан, НГ Гемиџии доби поддршка и од играчите на нашиот фудбалски клуб БОРЕЦ , со што уште еднаш докажавме дека сме целосно поврзани едни со други. Бевме пречекани со отворено срце и новогодишна програма која децата ја подготвија за нас и со среќа и радост во очите ни покажаа колку им значи овој мал гест. Ова е позитивен пример и показател за грижата што ја имаме кон ранливите категории во заедницата. За нас во НГ Гемиџии е особено важно да подадеме рака секогаш и секаде каде е потребно, да помогнеме, но и да ги истакнеме позитивните примери кои мотивираат. Само со меѓусебна поддршка може да ги ублажиме потребите на лица со посебни потреби. Да и посакаме добредојде на Новата година и со убав поздрав да ја испратиме старата. Се надеваме дека со ова ќе ја разбудиме хуманоста и кај вас. Среќни Новогодишни и Божиќни празници“ се вели во соопштението на НГ Гемиџии-Велес.

Слични Објави