Новата општинска администрација во Кукс ќе работи за подобрување на условите за живот на Бугарите во Гора
Историско-географскиот регион Гора во северо-источна Албанија е населен главно со Горанци – бугарско население кое зборува словенски дијалект и го исповеда исламот. Во т.н Кукска Гора, Горанците живеат во планинските села Шиштевец, Борје, Орешек, Црнолево, Оргоста, Кошариште, Запод, Пакишта и Очикле. Условите за живот на луѓето се сурови и тешки, а најголем проблем е лошата инфраструктура, јавува Радио Бугарија. Од главниот пат до селата се стигнува по тесни и стрмни земјени патишта. Со километри нема ниту асфалтиран пат, ниту ознаки, ниту сигурносни огради. Зградите на повеќето училишта се исто така во непристојна состојба и имаат потреба од голема реконструкција.

Од околу еден месец општина Кукс, на која и припаѓаат селата во Гора, има нов градоначалник – Алберт Халилај. Амбасадорот на Бугарија во Тирана, Ивајло Киров, беше меѓу првите дипломати во Албанија кои се сретнаа со него. Амбасадорот Киров доби уверување од новиот градоначалник дека општината ќе работи на подобрување на условите за живот на Бугарите од планинските села, во тесна соработка со бугарската држава.

Бугарија веќе го помага развојот на општина Кукус со реализација на различни проекти. Таков е оној за реконструкција на градинка во градот Кукс. Протоколот за проектот му беше предаден на амбасадорот од страна на градоначалникот. Во едно од училиштата со бугарска помош е изградена компјутерска сала, а сличен проект треба да се реализира и во друг образовен центар во околината.

Во прилог на добрата волја за решавање на проблемите на бугарското малцинство во регионот Гора, говори фактот што во новата управа на градот Кукс, како заменик-градоначалник е назначен Бугарин од село Орешек. Заменик-градоначалникот дипломирал финансии на Економската академија во Свиштов и веќе 15 години работи во јавната и даночната администрација на Албанија.
Фото: Красимир Маринов
