Нови дојави за бомби во 13 скопски училишта
Попладнево во втората смена од 13 скопски училишта пристигнаа нови дојави за поставени експлозивни направи.
-Дo сега во СВР Скопје e пријавено дека на електронските адреси на 13 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, соопшти МВР.
Меѓу училиштата кои добија дојави се и гимназијата „Орце Николов“ и СУГС„Владо Тасевски“.
И овие дојави како и сите претходните два месеци ја таргетираат истата смена на учениците во скопските училишта што станува симптоматично, и повторно се интензивира кога трае оценувањето, претходно за тромесечие, а сега за прво полугодие.
