|

ОБВИНИТЕЛКАТА ЗА СЛУЧАЈОТ „ТАМАРА“ СЕ ПОВЛЕКЛА ОД ДЕЛОТО СЕ ПОВЛЕКЛА ОД ПРИВАТНИ ПРИЧИНИ

Јавната обвинителка која го застапуваше обвинението против лекари и екс директори на Фондот за смртта на малата Тамара денеска го информираше Судот дека се иззема од предметот, а денешното судење беше одложено.

Обвинителката Наташа Гоџовска денеска не се појави на рочиштето, само телефонски го известила судијата Марин Станевски дека нема да го застапува обвинението.

За несовесно работење во службата обвинети се 12 лица – доктори и членови на првостепенета и второстепенета комисија кои го донеле и потврдиле негативното решение за лекување во странство на Тамара.

Обвинети се и двајцата тогашни директори на Фондот за здравствено осигурување и претседателот на Управниот одбор на ФЗО.  Тие се обвинети за несовесно работење во службата.

Од Обвинителството за НОВА изјавија дека обвинителката се повлекла од приватни причини, но не наведоа за што станува збор. Во официјалниот  одговор на нашите прашања рекоа дека „настапиле нови околности“.

Слични Објави