ТОБЛЕРОНЕ СО БИСКВИТИ И ОРЕВИ

Состојки:
• 150 гр. маргарин
• 200 гр. чоколадо за готвење
• 2 лажици мед
• 200 грама шеќер
• 1 чаша кока-кола
• 200 гр. бисквити
• 150 гр. сецкани ореви


Глазура:
• 50 грама чоколадо
• мала коцка маргарин


Подготовка:
Триаголниот калап за колачи обложете го со самолеплива фолија. Во садот сипете ја кока-колата и на тивок оган изматете го маргаринот, чоколадото и шеќерот со постојано мешање. Кога состојките добро ќе се растворат додадете ги оревите, бисквитите и медот.

Добро израмнете ја смесата и истурете ја во калапот за колачи. За оваа смеса се потребни две калапи. Кога тортата ќе се олади, прелијте со глазурата од чоколадото.

Стопете го чоколадото, а потоа додадете парче маргарин и полијте ги двата калапи од тоблерони.



Слични Објави