|

ДРЕКСЛМАЈЕР ДОНИРАШЕ САНИТЕТСКО ВОЗИЛО ЗА ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА

Санитетско возило од марката „Мерцедес Бенц Спринтер” за транспорт на пациенти доби ЈЗУ Општа болница во Велес. Возилото е опремено со соодветна медицинска опрема според високи стандарди, која е наменета за брзи интервенции во итни случаи. Станува збор за донација од компанијата Дрекслмајер.

Од компанијата посочуваат дека возилото е потребно за пружање на здравствени услуги на пациентите кои се лекуваат во таа јавна здравствена установа и кои во итни случаи се упатуваат на Клиничкиот центар во Скопје.

Слични Објави