| |

Билшерин Сулејман од Бугарија победник во женска конкуренција на полумаратонот „Охрид трчаТ“

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски и годинава победи на 21. километарската патека во Охрид на атлетската манифестација „Охрид трчаТ“ додека во женска конкуренција најдобра беше Билшерин Сулејман од Бугарија.

Втори на целта пристигнаа Тирон Мамуша од Албанија, во машка и Билјана Кираџиева од Србија, додека трети беа Муџаид Мислими и Марина Домазетоска од Северна Македонија.

Наградниот фонд за победниците на 21 километар е 300, 200 и 100 евра во машка и женска конкуренција, а тие добија и бисери од Филеви.

Во трката на пет километри победија Михаил Вулковски од Бугарија со време 18:52 минути од мажите и Аделина Павлова од Бугарија со време 22:29 минути во женска конкуренција.

Втори беа Жорит ван дер Рат од Холандија и Николина Милевска Велјановска од Северна Македонија, додека трети во машка, односно женска конкуренција беа Атила Расим од Бугарија и Бојана Наумовска од Северна Македонија.

На штафетната трка од 21 километар во машка конкуренција тримфираше АК Делта, пред Битолски бавни тркачи и „Poetry Run“ . Во женска конкуренција првото место го освои штафетата „Сакаме тартан во Битола“ пред „Ohrid running team girls“. 

Извор: zoom.mk



Слични Објави