| |

(Видео) Фондација „Бугарска памет“: Ни беше чест да ѝ помогнеме на Валерија и на нејзините ментори од детското ликовно студио

Огромни честитки до Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“, Битола за успехот што го постигнаа неговите воспитаници за Северна Македонија. Оваа честитка ја објави Фондaција „Бугарска памет“ на својата фејсбук страница, проследена со видео од доделувањето на наградата за младата ликовна уметничка Валерија Костовска од Битола.

„Пред неколку часа во Светскиот институт за младинска уметност – Центар на УНЕСКО, покрај 3-то место во светот за Валерија Костовска, додели награди на уште 12 деца од студиото, заради нивниот индивидуален пристап кон цртањето“, велат од Фондацијата на д-р Милен Врабевски.

Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“, од град Битола, учествува во овој конкурс веќе 30 години. По овој повод директорката на ликовното студио Елена Антоновска доби посебна награда од страна на организаторите, заради нејзината долгогодишна работа со младите ликовни уметници.

„Ни беше чест да обезбедиме финансиски средства за патувањето и престојот на Валерија и нејзините ментори во Франција, за да можат тие лично да ги добијат своите награди“, стои во соопштението на Фондација „Бугарска памет“.



Слични Објави