ОГНЕНА СТИХИЈА ГО ПЕПЛОСА ЈАПОНСКИОТ ЗАМОК ШУРИ

Замокот Шури во јужна Јапонија, кој се наоѓа на листата на светско културно наследство на УНЕСКО речиси целосно изгоре во пожар.

20 противпожарни екипи цели 11 часа го гаснеа пожарот кој најверојатно почнал во главната хала на замокот.

Потоа се проширил низ седум главни структури во објектот на околу 4.800-тини метри квадратни на ридот во градот Наха, во јапонската провинција Окинава. Десетици илјади жителите се евакуирани, и нема податоци за повредени, со оглед на тоа што пожарот се случил во три часот изутрината.

Причините за огнената стихија се уште не се познати, а надлежните покренале и истрага.

Замокот Шури, датира од 14-от век, и е главна туристичка дестинација на Окинава.

Тој го претставува Кралството Рикију, кое траеше 450 години се додека независното кралство не беше анектирано од Јапонија во 1879 година.

Во 2000-та година замокот Шури беше ставен на листата на локации од светско културно наследство.