ЌЕ ИМА НЕЗАВИСНА ПРОЦЕНКА ЗА ОДГОВОРОТ НА СЗО ЗА ПАНДЕМИЈАТА НА КОВИД-19
Светската здравствена организација (СЗО) – 194, денеска усвои резолуција за независна проценка на одговорот на агенцијата на ОН за пандемијата на новиот коронавирус.
Текстот беше усвоен со консензус од сите земји членки на организацијата и предвидува побрзо започнување на непристрасна, независна и целосна проценка на меѓународната акција иницирана поради пандемијата, со цел подобрување на глобалниот капацитет за превенција, подготовка и одговор на пандемија.
Таа проценка треба внимателно да ги испита мерките преземени од СЗО поради пандемијата на Ковид-19 и нивната хронологија.

