ЕУ Ѝ ЧЕСТИТА НА ГРЦИЈА ЗА ИЗЛЕЗОТ ОД ФИНАНСИСКАТА КРИЗА

Вести Истакнато Свет

Европската Унија и го честита на Грција завршувањето на третиот и последен дел од програмата за меѓународна макро-финансиска помош, која започна во 2010 година. Ова е соопштено во понеделникот во Брисел од страна на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

„Успевте! Честитки до Грција и нејзиниот народ за ставње крај на програмата за макро-финансиска помош. Со големи напори и со помош на европската солидарност, вие ја спасивте земјата!” се вели во соопштението.

Претходно во понеделникот, за завршувањето на третиот дел од програмата официјално објави Европскиот механизам за стабилност (ЕСМ), односно фондот за стабилизација на еврозоната.

Програмата за надворешна помош за Грција од ЕУ започна во 2010 година. Вкупно, Грција има добиено околу 250 милијарди евра финансиска помош, која сега мора да се врати на доверителите, плус износот на главницата на надворешниот долг. Во меѓувреме, земјите од еврозоната усвоија три различни тригодишни планови за кредитна поддршка во замена за строга фискална дисциплина. Првите два од нив не беа довршени, и беа создадени нови на нивна основа.

Третата програма е кредитен обем од повеќе од 80 милијарди евра и е одобрен од страна на земјите од еврозоната во август 2015 година во замена на усвојувањето од страна на грчките власти на нови строги мерки за намалување на пензиите, намалување на социјалните бенефиции и приватизацијата на државниот имот. Оваа програма заврши овој понеделник.

ЕСМ одвои 61,9 милијарди евра за макро-економска помош во рамките на третата програма за три години и рекапитализација на грчките банки. Другите 24,1 милијарди евра, кои и беа достапни на Атина од оваа програма, не беа искористени, истакнаа од фондот.