Скопје одбележува 59 години од катастрофалниот земјотрес

/

Скопје денеска со повеќе активности одбележува 59 години од земјотресот кој го разори градот.

Собраниска делегација, во состав Даниела Николова и Тони Јаревски, ќе положи венец пред Споменикот на загинатите од земјотресот на Градските гробишта Бутел. Почит ќе оддаде и владина делегација предводена од вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, пред споменикот на жртвите од земјотресот во Скопје.

Град Скопје и јавните културни установи традиционално ќе организираат голем број настани.

Во разорниот земјотрес на 26 јули 1963 година животот го загубија 1.070 лица, а околу 3.000 беа повредени. Беа урнати 15.800 станови, а оштетени околу 28.000. Над 200.000 луѓе останаа без покрив над главата. . Точно 87 нации од светот испратиле некаква помош во Скопје кои помогнале градот да се изгради повторно, поради што го носи и епитетот „град на солидарноста“.





Претходна статија

Нема опасност од ширење на пожарот на Криволак, сите армиски инфраструктурни објекти се безбедни

Следна статија

Пендаровски: Скопје сè уште живее со споменот за настраданите во катастрофалниот земјотрес

Најново од Вести