| |

СЗО: БРЕМЕНИТЕ ЖЕНИ МОЖЕ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ ПРОТИВ КОВИД-19

Светската здравствена организација ги смени препораките за вакцинација против Ковид-19 и со новите правила, експертите велат дека бремените жени исто така можат да се имунизираат, се додека не се од групи со висок ризик.

Промената се случи непосредно по негативните коментари за СЗО, дека „не препорачуваат вакцинација на бремени жени” со вакцините на Фајзер и Модерна.

Бремените жени традиционално се исклучуваат од какви било клинички испитувања, и вакцини и лекови. Сепак, тие се вакцинираат слободно од 60-тите години на минатиот век. За нив се собираат податоци од нови лекови и вакцини по нивното пуштање во масовна употреба.

Слични Објави