ФРАНЦИЈА ГИ ЗАТВОРА ГРАНИЦИТЕ ЗА ЛУЃЕТО ОД ЗЕМЈИТЕ КОИ НЕ СЕ ЧЛЕНКИ НА ЕУ
Францускиот премиер Жан Кастекс најави построги ограничувања за патувања, но уште еднаш ги отфрли повиците за воведување ново национално затворање.
Почнувајќи од утре, ќе бидат забранети сите несуштински патувања од земјите кои не се членки на Европска Унија, а полицијата ќе го засили своето присуство за да се обезбеди почитувањето на полицискиот час, кој трае од 18 до шест часот.
Патниците кои доаѓаат од внатрешноста на ЕУ ќе мора да приложат негативен ПЦР тест.