ГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА ФЕСТИВАЛОТ НА ЕВРОПСКИ ФИЛМ CINEDAYS

Фестивалот на европскиот филм CINEDAYS, кој е во организација на Младински културен центар, под покровителство на Град Скопје, се оддржува по седумнаесетти пат, што е гарант и предуслов, за признавањето на неговиот квалитативен успех (градацијата од ревија во вистински филмски фестивал), за креативниот млад амбициозен потенцијал (кој фестивалот го акумулира и го промовира) и за филмскиот материјал, кој практикувајќи го принципот на премиерност, е синоним за промоција на европската кинематографија.

Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, вчеравечер (30.05. 2018 година), присуствуваше на свеченоста по повод акредитирањето на Фестивалот на европскиот филм CINEDAYS во меѓународната асоцијација FIAPF и неговото добивање на признанието “Competitive film festival specialized in European first and second feature films”, која се одржа во Младинскиот културен центар – Скопје.

– Град Скопје е горд, поради акредитирањето на CINEDAYS и добивањето на признанието, кои пак сублимирани се од огромно значење за нашиот град Скопје. Во смисла, афирмирање на градот Скопје како град со огромен креативен човечки потенцијал и ресурси за развивање на филмската индустрија, но и за афирмирање на нашата филмска култура и творечка меморија од оваа, но пред сé од онаа страна на границата – нагласи Љубица Јанчева.

Таа додаде дека, акредитирањето и признанието, кои се убава основа за да се разбере и доживее изодениот пат на CINEDAYS, со сите негови успеси, дилеми и заблуди кои го следеле досега, се резултат и заслуга на неуморните и безрезервните субјекти кои учествувале, учествуваат и ќе учествуваат во организирањето, актуелизирањето и афирмирањето на CINEDAYS, години натаму, пред сé на Младинскиот културен центар.

– Како своевидна завршница на обраќањево, би кажала дека Град Скопје, и понатаму ќе биде устремен кон поддржувањето, остварувањето и реализирањето на Фестивалот, кој влегува во комплексноста на уметничката природа на чудесната и вредна уметност – филмот – резимираше Јанчева.

Присутните учесници и гости на настанот, ги поздрави и в.д. директорот на Младинскиот културен центар, Русе Арсов.