ПОЛИЦИСКО ГРАЃАНСКА ПАТРОЛА ВО ВЛАЕ 1
Вечерва, со почеток во 19:00 часот, во урбаната заедница Влае 1 (на детското игралиште) ќе се одржи средба со граѓани на градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев со претставници од Полициската станица Карпош.
Оваа средба е во рамки на проектот за зголемена безбедност во Карпош, заштита на јавниот ред и мир и превенција од имотни и други прекршоци, а по иницијатива на ПС Карпош.
Полициско – граѓанските патроли започнуваат со консултативно – едукативна средба, а завршуваат со теренска обиколка на критичните локации и нивно мапирање.
Граѓаните имаат шанса да информираат за „ризичните” места во нивната општина (неосветлени катчиња, небезбедни игралишта и паркови), како и да добијат информации за активностите и мерките што ќе ги преземат надлежните со цел зголемување на безбедноста во нивното маало.

