| |

ГРУЕВСКИ ЌЕ ДОБИЕ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ ЗА СЛУЧАЈОТ „ТАЛИР 2“

Поранешниот премиер Никола Груевски на судењето за случајот „Талир 2“ ќе добие адвокат по службена должност, бидејќи неговите досегашни правни застапници Донче Наков и Еленко Миланов, не добиле нови полномошна.

На денешното рочиште судијката Даниела Алексовска Стојановска го прочита писмениот поднесок на адвокатот Донче Наков, во кој пишува дека адвокатот нема остварено контакт со првообвинетиот Груевски. Поточно нема потврда дека и понатаму му е адвокат и затоа не може повеќе да го застапува. Судијката додаде дека ќе го извести претседателот на судот на Груевски да му постави бранител по службена должност.

Слични Објави