ЗАХАРИЕВА: МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА ГО ПРИЗНАЕ МИНАТОТО А БУГАРИЈА СЕГАШНОСТА

//

„Не е прв пат кога политичарите во Р. Македонија се обидуваат да ја искористат Бугарија во својата предизборна кампања. Ние нема да се фатиме на „песната“ на ВМРО-ДПМНЕ. Ние имаме јасна позиција во однос на Македонија. Секогаш ќе ги поддржуваме, само под јасни услови. И тие услови не се сменувани“, изјави шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева, во емисијата „Офанзива“, на приватната бугарска телевизија Канал3.

Захариева изрази желба македонските политичари да прекинат да ги користат соседите во случајот Бугарија, во своите предизборни кампањи.
„Македонија од 2005 година е статус на кандидат за влез во ЕУ и дури сега во 2020 година Советот успеа да донесе одлука за почеток на преговорите. Во никаков случај кривицата за тоа не е во Бугарија или Грција“, изјави Захариева.
Таа подвлече дека ситуацијата е јасна. Македонија треба да ја признае историјата а Бугарија сегашната реалност.



Претходна статија

КОРОНАВИРУСОТ ПУСТОШИ ВО ЗАТВОРИТЕ ВО САД

Следна статија

ПЕНДАРОВСКИ: УЛОГАТА НА МЕДИУМИТЕ Е ОСОБЕНО ВАЖНА ВО ВРЕМЕ НА КРИЗА И КОНФЛИКТИ

Најново од Вести